ВИП ЕЛЕМЕНТ доо е екслузивен диструбутер за Македонија на реномираниот италјански производител на пневматска опрема за автоматизација AZ Pneumatica. Нашиот инжинерски тим може да ви понуди компетентни консултации, голем склад, брза испорака, гарантен и вонгарантен сервис.

Од 1982 година фирмата AZ Pneumatica проектира, конструира и произведува пневматска опрема за автоматизација. Фирмата нуди комплетна програма на разводници со рачно, механичко, пневматско и електро управување, во размери G1/8”, G1/4”, G1/2”, стандардни цилиндри ISO 6431 и ISO 6432, фиксирачки елементи за нив, пневматски припремни групи, приклучоци и многу други.

Производствената база на фирмата се наоѓа во Италија близу до Милано на површина од 7000 м2. Има добро развиена трговска мрежа во цела Европа и во други држави надвор од неа. Контролата врз квалитетот на продуктите е сто-процентна.

Продукти

© 2012 vip-element.com. Сите права се задржани.
  • Следете не: