Продукти

VIPLOC 2009
Програмибилен автоматизиран брзиномерски систем за мерење и снимање на брзина и изминат пат во реално време кај шински возила. Системот регистрира и други активности како што се :
- Активирање на копчето за будност
- Активирање на сирена
- Насока на движење
- Потрошувачка на гориво (опционално)
Податоците кој се мерат во реално време се меморираат на СД картичка (наместо на хартија кај старите системи) кој понатаму преку апликативен софтвер се обработуваат и печатат. Системот е составен од :

VIP-AP KO08
Автоматизирана пробница за тестирање на кочиони распоредници KNORR и OERLIKON кај шински возила. Пробницата е дизајнирана за тестирање на кочиони распоредници KNORR и OERLIKON во согласност со UIC 540 стандардот.
Со својот автоматизиран пневматски систем од резервоари, вентили и сензори, пробницата симулира реални работни услови.
Процесот е комплетно автоматизиран при што софтверот овозможува извршување на сите потребни тестови, управување, следење, визуализација и аквизиција на податоците во реално време.
Тестирањето се извршува во:
- МАНУЕЛЕН мод при што е можно да се прават поединечни тестови
- АВТОМАТСКИ мод при што автоматично респоредниците се тестираат со листа од 31 тест.
На крајот од тестирањето резултатите кој се добиваат во реално време се печатат во стандардизирана Мерна Листа.